-->
-->
Најпотресната приказна на светот доби тажен крај: Бебето Чарли сепак ќе умре
-->
Судбината на тешко болниот Чарли Гард го привлече вниманието и на најмоќните луѓе на светот како папата Францис и американскиот претседател Доналд Трамп.
Европскиот суд за човекови права неодама донесе пресуда болницата да може да го исклучи од апаратите бебето, зошто има ретко генетско заболување.
Родителите долго се противеа на таа одлука, но на крајот сепак донесоа тешка одлука и Чарли Гард сепак ќе умре.
Крис Гард и Кони Јејтс стигнале до Врховниот суд со солзи откако ја завршија кампањата за спас на животот на својот син, чија приказна растажи милиони. Шест месеци траеше нивната битка за живот на нивното 11-месечно бебе, по која се обиделе да го одведат на лекување во САД за да ги пробаат најновите лекови против митохондријалната болест.
Сега сепак одлучика да го пуштат да умре, цврсто уверени дека одбивањето да му се дозволи да оди во САД, ќе го плати со животот.
„Кутриот Чарли. Предоцна е. Штетата е направена. За жал нема повеќе време“, рече судијата од Врховниот суд.
Чарли е роден во август минатата година и има генетска мутација која ширум светот ја имаа уште само 15 деца и поради која генераторите на келии, така наречени митохондрии, не функционираат како што треба. Чарли неподвижно лези на креветот, приклучен е на апарати и се храни преку сонда.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Љупчо Палевски Палчо екстрадиран од Турција и сместен директно во Истражниот затвор во Шуто Оризари
-
Тема на денот со Горан Илијевски - Партија на Македонците во Србија
-
Атентат врз словачкиот премиер
-
Флекс кредит и СОС Детско Село заедно за Денот на семејството
-
Предизборниот и постизборниот период продуцира економска криза, сметаат економистите
-
Со нож и се заканија на претседателката на Уставен Кацарска
-
Запален службениот автомобил на директорот на Идризово- оштетена и блиската зграда
-
Уставен го одби барањето на судиите да го врати коефициентот за повисоки плати