Балкан
20. December 2016 - 10:28

Најпијаниот возач за Свети Никола: Кога дувнал, мислеле дека се расипал дрегерот

И покрај тоа што статистиката покажува дека најмногу сообраќајни несреќи се случуваат како резултат на возење во алкохолизирана состојба, неодговорните возачи и понатаму употно седнуваат зад воланот пијани.
 
Шибенската полиција на католичкиот Свети Никола запрела 38-годишен возач под дејство на алкохол, кој управувал „шкода“.
 
Му била измерена концентрација од дури 3,61 промили алкохол во крвта, со што станал неславен рекодер за оваа година во Хрватска.