-->
-->
Најновата прогноза најавува дека снегот доаѓа многу брзо - Погледнете кога
-->

Излезе најновата месечна прогноза од Американскиот институт за атмосфера и океани - NOAA која ги разгледува климатолошките изгледи за месец јануари. Од истата вкупните изгледи за првиот месец од 2016 не се баш сјајни во однос на очекувањата за вистинска зима, пренесува специјализираниот портал за временска прогноза, MeteoPro
Oд картата на температурна аномалија, може да се види дека очекувањата на овој климатолошко - прогностички модел се во насока на натпросечно топлол јануари, особено на северниот дел од Балкан, и тоа за околу 2 - 3°С над просекот. Јужниот регион исто така се очекува да биде над просечно топол, но за околу 1°С до 2°С.
Кај врнежите исто така се очекува дефицит во однос на просекот. Засега овој дефицит е прогнозиран да биде околу 0,5 литри на метар квадратен на ден.
Во однос пак на моделите кои обработуваат дневни прогнози, се очекува почеток на врнежите во јануари и тоа во првата половина. Засега има добри, прелиминарни, изгледи за снег на планините во периодот од 2ри до 5ти јануари, со можност снежната висинска граница да се спушти и под 400 метри.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Осум активни пожари низ државата
-
Дрон уништи конвој на ОН со храна за гладните во Дарфур
-
Без вода дел од општина Центар
-
Поради технички зафати без струја неколку улици во Бутел, Центар и Аеродром
-
Променливо облачно и ветровито со локален дожд и грмежи
-
Ангелов: Силниот ветер ја влоши состојбата со пожарот во „Јасен“, но не се повлековме и ги сопревме пламените јазици
-
Претседателката Сиљановска-Давкова ќе ги отвори 64. Струшки вечери на поезијата
-
Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура