Најмногу починати за 24 часа од почетокот на пандемијата во Бразил
Во Бразил во последните 24 часа од коронавирус починае 407 лица, соопшти тамошното министерство за здравство. Вкупниот број на починати од Ковид-19 сега е 3.313
Во Бразил од коронавирус се заразени речиси 50.000 луѓе, но медицинските аналитичари и политичари сметаат дека бројот е многу поголем.
Повеќе од половина смртни случаи се од богатата и пренаселена сојузна држава Сао Пауло, епицентарот на пандемијата.
Градоначалникот на градот Сао Пауло, Бруно Ковас, рекол дека најлошото допрва се очекува.
Здравствените системи во градовите Манаус, Ресифе и Форталез се речиси пропаднати.
Бразилскиот претседател, Жаир Болсонаро се залага за помалку рестриктивен пристап во борба против коронавирусот, и изјавил дека се надева дека сојузните држави наредните денови ќе ги укинат мерките за изолација.
Меѓутоа, гувернерите и градоначалниците воглавно ги игнорираат овие совети, пренесува „AP“.
Ново на Сител
-
Ќе има забрана на пушење на јавни места – здравствените власти во подготовка на законско решение
-
СДСМ: Зошто началничката на кочанската полиција не е опфатена со истрагата?
-
Судски не ја разгледал пресудата на Управен за уставната судијка Дуковска
-
Мицкоски: Не ме изненадуваат бугарските позиции
-
Јаневска: Контролите се засилени – учениците да не се обидуваат да препишуваат
-
Измени на Законот за работни односи
-
Неколку кандидати се борат за кандидатурата за Град Скопје во ВМРО-ДПМНЕ
-
80 години Државен завод за статистика