Најмногу дожд во Пожаране и Тетово
Во изминатото деноноќие најмногу дожд наврна во Пожаране. Според мерењата на УХМР во Пожаране се наврнати 24 литри на метар квадратен, во Тетово 18, во Маврово 17, Скопје 16, Крушево 13, Дебар 12, Лазарополе 11, Охрид 8, Ѓуриште 7, Штип 6, Виница 5, Берово и Куманово 4, Тополчани, Прилеп и Струмица 3, Претор 2 и во Битола и Демир Капија 1 литар на метар квадратен.
Утрово преовладува облачно време, слаб дожд има локално. На планините дува слаб умерен ветер од јужен правец.
Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со слаб локален дожд. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец. Температурата ќе се движи од 3 до 9, а максималната од 13 до 19 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата ќе се искачи до 14 степени.
Ново на Сител
-
Кои кандидати се во игра за градоначалник на Скопје?
-
ВМРО-ДПМНЕ: Дали Мирчевски се уште е во раководството?
-
Бројот на заболени од грип во Струмица годинава речиси двојно поголем во споредба со истиот период лани
-
Намаленото ниво на езерото ги загрижи еколозите
-
Дрвокрадство во Прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Зошто храната е скапа?
-
Над 1.200 лажни дојави за бомби за помалку од три години