Најмногу Црногорци се заразени со коронавирус на погреби и семејни собирања
За точно еден месец откако беше потврден првиот случај на заразен со новиот коронавирус во Црна Гора, здравствените власти на таа земја регистрирале 303 случаи на Ковид-19, и пет починати, соопшти синоќа црногорскиот Институт за јавно здравје, чиј шеф смета дека ваквите резултати се добри.
„Добрите резултати беа потпомогнати од тоа што властите ја слушаа професијата и дека се воведоа ригорозни мерки уште пред да се случи првиот случај“, изјави Сенад Бегиќ, водечки епидемиолог во црногорскиот Институт за јавно здравје, за Би-Би-Си на српски јазик. Според него, црногорскиот начин на борба со вирусот е специфичен поради малиот број население и културните особености.
„Црногорците сакаат многу да слават и жалат – ние идентификувавме најмалку три или четири погреби кои биле епидемиолошки клучни настани за ширење на заразата кога мерките се уште не биле воведени“, изави Бегиќ за Би-Би-Си.
Тој додаде дека погребите и семејните собири се главните начини на ширење на заразата во Црна Гора и дека осудата била проблемот со кој црногорските епидемиолози се соочиле на почетокот на епидемијата
Ново на Сител
-
Први преговори ВМРО-ДПМНЕ - ВЛЕН
-
Мицкоски: Во изјавите ќе го користиме терминот Македонија
-
Мицотакис: Не ги потпишуваме договорите од Преспа, тие се наше оружје
-
Се поставуваат безбедносни камери во зградата на Кацарска, овој инцидент е загрозување на нејзината безбедност
-
Демири не кажа дали договорците на Токсикологија се стручни туку му било жал што работеле без пари
-
Анализа на македонски експерти: Кои се мотивите за атентатот врз словачкиот премиер?
-
Палевски преноќи во Шутка
-
Прегласување: Течат роковите за тужби до Управен