Свет
28. јуни 2022 - 9:04

Најмалку тројца загинати во железничка несреќа во САД

Најмалку три лица загинале, а неколку патници се повредени кога патнички воз на американската железничка компанија „Амтрак“ излетал од шините во северната централна држава Монтана.

Претставник на локалниот шериф соопшти дека има повеќе повредени, но оти конечниот број сè уште не е познат.

Причината за несреќата сè уште не е позната.

Во возот кој сообраќал до Сиетл имало околу 146 патници и 16 членови на персонал, соопшти компанијата „Амтрак“.