Свет
15. September 2024 - 8:57

Најмалку три лица загинаа, а 49 се повредени во железничка несреќа во Египет

Три лица загинаа во вчерашната железничка несреќа во северниот дел на Египет, а 49 се повредени, соопшти Министерството за здравство. Помеѓу загинатите две се деца.

Несреќата се случила кога два воза се судриле во провинцијата Шаркија, на околу 80 километри северно од Каиро.

Железничка мрежа на Египет, една од најголемите земји во Африка, е застарена и чести се несреќите. Во април 2021 година се случија железнички несреќи за помалку од еден месец, при што загинаа 40 луѓе.

Во март 2023 година, четири лица загинаа, а 23 беа повредени кога воз излета од шините.