-->
-->
Најмалку три експлозии утрово во Лавов
-->
– Најмалку три експлозии се слушнаа во западниот украински град Лавов, околу 6.30 часот по локално време, јави Скај њуз.
Украинската телевизија 24 објави кратко видео на Телеграм, каде може да се види како чад се крева над хоризонтот.
Градоначалникот на Лавов, Андреј Садовиј потврди дека експлозиите биле во подрачје на аеродромот. Но, тој на Телеграм напиша дека аеродромот не е погоден.
Садовиј упати повик до граѓаните да не споделуваат фотографии од место каде имало експлозија.
Лавов се наоѓа близу полската граница. Откако инвазијата почна, стотици илјади бегалци минуваат низ градот, со цел да стигнат на безбедно.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Најбогатите селебрити во 2025 година
-
Мбапе за понудите од други клубови: Мислев само на Реал
-
Приведен кумановец кој возел со 2.34 промили алкохол во крвта
-
Таткото на Вања денеска ќе сведочи во Кривичен
-
Трамп е согласен со испраќање американски затвореници во Ел Салвадор
-
Вучевиќ за новиот мандатар на Србија: Мацут треба да донесе нова енергија
-
На Попова Шапка утрово -12 степени, во Крушево 24 сантиметри снег
-
Влада: Значително зголемени платите на вработените во здравството