-->
-->
Најмалку шест загинати во руски напади во Украина
-->
Најмалку пет лица загинаа во руски напад во областа Доњецк на истокот на Украина, додека едно лице загина во напад на југот на земјата, соопштија денеска локалните власти.
„Три жени и двајца мажи загинаа“ во градот Костиантивка, на околу 20 километри западно од Бахмут, епицентарот на борбите со руската армија, објави украинската служба за итни случаи на Телеграм.
Во нападот од синоќа до изутрината, беше погодена зградата во која се наоѓа хуманитарниот прифатен центар во тој град.
Една жена загина, а четворица цивили се повредени изутрината во артилерискиот оган во селото Билозерка во областа Херсон, на југот на Украина, соопшти обвинителството. Во бомбардирањето беа оштетени куќи, далноводи и гасоводи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Решението за глувците во училиштето во Бутел е дератизација, вели министерката Јаневска
-
Вандализирана градинка во Бутел
-
Продолжува судењето за убиствата на Вања и Панче
-
Скроена новата потрошувачка кошничка
-
Министерот за европски прашања на Унгарија во посета на Македонија
-
Јаневска: Директорот да изврши дератизација
-
20 тина спасители на планина во Охрид
-
Преглед на вестите од светот