Најмалку осум жртви во воздушен напад врз црква во Етиопија
Најмалку осум лица загинаа, а петмина се повредени во воздушен напад на територија на црква во Етиопија, соопшти денеска опозициската партија во земјата, додека портпаролот на владата на Етиопија, Легес Тулу, ги отфрли наводите за нападот како „апсолутни лаги“.
Меѓу загинатите има двајца ѓакони, двајца клавијатуристи од црковниот хор, како и пејач во хорот.
Според еден од очевидците, нападот најверојатно бил извршен со дрон.
– Тоа не беше хеликоптер. Не можевме точно да видиме, но звучеше како дрон, рече тој.
Бадаса Лемеса, шеф на локалната канцеларија на Етиопската комисија за човекови права (ЕХРЦ) рече дека добил извештаи за нападот и дека води истрага.
Мировните преговори меѓу Етиопија и бунтовничката Ослободителна армија Оромо (ОЛА) со цел да се стави крај на повеќедеценискиот конфликт завршија без договор во ноември, што доведе до спорадични напади во Оромија, најголемиот регион во земјата.
ОЛА е нелегална отцепена група на Ослободителниот фронт на Оромо (ОЛФ), претходно забранета опозициска партија која се врати од егзил откако премиерот Аби Ахмед ја презеде функцијата во 2018 година.
Ново на Сител
-
На ГП "Ќафасан" албанската полиција спречи шверц на лекови
-
Помина интерпелацијата за Даути во Собранието
-
Над девет милиони шверцувани цигари откриени на атинското пристаниште Пиреас
-
Безживотно женско тело извадено од водите на Вардар
-
Захарова: Зеленски се покажа како крволочно чудовиште
-
Кремљ: Путин е подготвен за разговори со Трамп
-
Лазаров по мечот со Хрватска: Се боревме од почеток до крај, тоа ни беше главна цел
-
Ѓоковиќ тврди дека бил отруен за време на притворањето во Австралија пред три години