Свет
24. November 2019 - 19:46

Најмалку осум авганистански војници загинаа при напад на талибанците

При напад на талибанците врз контролен пункт во провинцијата Дајкунди загинаа осум авганистански војници, а четворица се повредени.

Гувернерот на провинцијата Дајкунди, Анвар Рахмати изјави дека во неколкучасовната престрелка загинале најмалку 20 талибанци.

Речиси половина од Авганистан е под контрола на талибанците, кои речиси секојдневно ги напаѓаат авганистанските безбедносни сили и владини претставници ширум земјата.