Најмалку две лица загинаа во земјотресот во Јапонија, шест се затрупани под урнатините, соопшти полицијата
Најмалку две лица загинаа во разорниот земјотрес што денеска ја погоди Јапонија, соопшти локалната полиција.
Шест лица се затрупани под урнати куќи во градот Ваџима по земјотресот со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала што денеска ја погоди јапонската префектура Ишикава на брегот на Јапонското Море, соопшти јапонската Влада.
Повеќе од 36.000 луѓе останаа без струја во префектурата Ишикава, а досега се соопштува дека се урнале повеќе од 30 згради во градот Вајима.
Предупредувањата за цунами се на сила, поради што многу Јапонци бегаат на повисоките места. Јапонија денеска во период од час и половина ја погодија вкупно 21 земјотрес со јачина над четири степени според Рихтеровата скала.
Северна и Јужна Кореја денеска издадоа предупредувања за цунами во нивните крајбрежни области по силниот земјотрес во Јапонија. Руските власти издадоа предупредување за цунами во делови од брегот на Сахалин и градовите Владивосток и Находка.
Ново на Сител
-
Намалена видливост поради магла на патните правци Тетово - село Гајре и Кула - Катланово
-
Инспектор за недозволена трговија со дрога и оружје физички го нападнал началникот на ОВР Радовиш - следува пријава
-
Личните карти со „Република Македонија“ ќе важат до датумот на истекување
-
ЕУ и исплати три милијарди евра на Украина
-
Ајдари за поднесените интерпелации: Владата не успеа да го одржи мирот и да обезбеди меѓуетнички соживот
-
Серија апсења на интервентна полиција, пронајдена дрога
-
Повеќе од 10.000 објекти уништени во пожарите во областа на Лос Анџелес, штетите над 150 милијарди долари
-
Без вода дел од бул. „Јане Сандански“ поради дефект