Свет
15. December 2022 - 9:38

Најмалку две лица загинаа при пожар во рафинерија во Сибир

Две лица загинаа, а петмина се повредени откако изби пожар во рафинеријата во сибирскиот град Ангарск.

Гувернерот на рускиот регион Иркутск, Игор Кобзев изјави дека пожарот е предизвикан од истекување на гас.

Тој додаде дека е отворена истрага за евентуално кршење на безбедносните стандарди.