Свет
3. August 2016 - 10:12

Најмалку два автобуса паднаа в река при уривање на мост во Индија

Два или три автобуса со повеќе десетици патници паднаа во надојдената река Савитра, откако на автопатот Мумбај-Гоа во Индија се урна дел од стар мост, поради што се стравува дека се можни голем број жртви, информира денеска индиската полиција.

Неколку часа од уривањето на мостот, што се случило ноќеска, спасувачите се уште во реката не ги пронашле нозилата, ниту преживеани лица, пренесоа индиските медиуми.

- Веднаш по пријавата на несреќата на лице место пристигнаа околу 80 спасувачи, вклучувајќи и нуркачи, но силниот дожд ги попречува нивните напори, изјави шефот на Националната служба за вонредни ситуации О.П. Синг.

Синг додаде дека, според првичните информации, во реката Савитра паднале најмалку два автобуса.