Свет
18. February 2016 - 12:26

Најмалку деветмина полицајци убиени во два напада на талибанците во Пакистан

Во два одвоени напади во племенски регион во северозападниот дел на Пакистан, талибанците убија најмалку деветмина припадници на безбедносните сили, изјавија денеска претставници на локалните власти, цитирани од ДПА.

Двата напада биле извршени во текот на ноќта врз локалните полициски сили во округот Мохманд, племенски регион во кој се смета дека талибанците се многу активни.

Во едниот од нападите, на контролен пункт во местото Акар,  биле убиени седумина полицајци, додека во вториот убиени се  уште двајца припадници на силите на редот, кои биле на безбедносен пункт на друго мето во региоонот.

Фракција на пакистанските талибанци ја презеде одговорноста за нападите.

Минатиот месец талибанците го нападнаа универзитетскиот комплекс во Чарсада, во близина на Мохманд, и притоа убија најмалку 21 лице.