Свет
13. March 2022 - 10:30

Најмалку девет жртви во рускиот воздушен напад врз воената база во близина на Лавов

Гувернерот на Лвов Максим Козицки изјави дека девет лица загинале по рускиot ракетен напад врз Меѓународниот центар за мир и безбедност, додека 57 други се повредени.

Максим Козицки посочи дека 30 проектили биле истрелани врз воената база која се наоѓа на околу 50 километри југозападно од Лвов и на околу 25 километри од границата со Полска. Нападот се случил околу 6 часот наутро во неделата.

Украинскиот министер за внатрешни работи Олексеј Резников го нарече руското бомбардирање на Меѓународниот центар за мир и безбедност „терористички напад“. Резников рече дека странски инструктори работат во таа воена база.