Loading Video...
Свет
23. September 2022 - 16:36

Најмалку 70 мигранти се удавиле крај сирискиот брег

Најмалку 70 мигранти се удавиле  кога бродот со кој патувале  потонал во близина  на брегот на Сириија. Трагедијата се случила  вчера попладне. На бродот како што соопштија сириските власти имало над 120 лица и досега се  спасени дваесетина.  Мигрантите тргнале од Либан кон Европа.

Сите пратеници на парламентарното мнозинство, 41 на број, се потпишале на предлогот за разрешување на претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ. Причината за ова, според црногорските пратениците, е кршење на Уставот поради недоделување на мандатот за состав на нова влада на лидерот на ДЕМОС, Миодраг Лекиќ и неповикување на сите парламентарни партии на консултации за мандатар.  Одлуката за постоење или непостоење на повреда на Уставот ја носи Уставниот суд.  Уставниот суд во Црна Гора нема кворум, а со месеци не успева да се комплетира бидејќи кандидатите не го добиваат потребниот број гласови од пратениците

Американскиот носач на авиони на нуклеарен погон Роналд Реган   пристгина на вежби во Јужна Кореја.  ЗАедничките воени вежби во наредните денови ќе бидат први со учествво  на американки носач на авиони  во регионот од 2017 година, кога САД испратија три носачи на авиони, вклучувајќи го и Реган,  за поморски вежби со Јужна Кореја како одговор на севернокорејските нуклерани и ракетни тестови во тоа време. Северна Кореја извррши  рекорднен  број ракенти проби годинава а според ОН, Прхонгјан се подготува да изврши и нуклерана проба, што би било прво тестирање  во последните 5 години.

Иранскиот претседател Ебрахим Раиси се повлече од  интервјуто  со новинарка на Си-Ен-Ен КРИСТИЈАН АМАНПУР , во зградата на Обединетите нации во Њујорк откако таа го одбила неговото барање да носи шамија на главата. .. Од тимот на иранскиот претседател ѝ рекле на новинарката,  дека носењето шамија е „прашање на почит“, на што Аманпур одооговриле дека не се во Иран. Во мегувреме низ Иран  продолжуваат масовните антивладини протести поради смртта на 22 годишната Махса Амини  која почина во притвор  мината недела . Таа беше уапсена од иранската полиција под обвинение дека го прекршила законот за носење хиџаб. Досега во протестите загинале најмалку 36 луѓе.