Свет
7. December 2016 - 20:18

Најмалку 55 загинати во воздушен напад во Ирак

Најмалку 55 лица загинаа денеска при воздушен напад врз ирачкиот град Каим, кој е под контрола на џихадистичката група Исламска држава (ИД).

Според локални болнички извори, меѓу загинатите има голем број жени и деца. 

Истите извори информираа дека нападот бил извршен на преполниот пазар во Каим, кој се наоѓа во провинцијата Акбар, во близина на ирачко-сириската граница.