Свет
13. November 2017 - 23:57

Најмалку 53 загинати во воздушен напад во северна Сирија

Најмалку 53 лица, вклучително и деца, загинаа денеска при воздушен напад на пазар во градот Атареб, што се наоѓа во една од „зоните на деескалација“ во северна Сирија, информираа локални претставници.

Сирискиот центар за мониторинг на човековите права, чие седиште е во Лондон, претходно, како што јави МИА, соопшти дека засега се уште не е познато дали нападот врз Атареб, кој е под контрола на бунтовницте, го извршиле авиони на сириските владини сили или нивните руски сојузници.

Во соопштението на Центарот се додава дека меѓу загинатите има и најмалку пет деца и три жени.

При нападот била погодена и полицска станица што се наоѓа крај пазарот, при што загинал и еден полицаец.