-->
-->
Најмалку 52 лица повредени во авионската несреќа во Истанбул
-->
Најмалку 52 лица се повредени откако денеска авион при слетувањето на истанбулскиот аеродром „Сабиха Гокчен“ ја промаши пистата, се урна во поле и се распадна на три дела. Дојче веле јавува дека во несреќата се повредени 120 лица.
На телевизиски снимки можеше да се види скршен трупот на авионот и евакуација на патниците.
Турскиот министер за транспорт Мехмет Чахит Турхан изјави дека нема загинати во инцидентот и оти најголемиот дел од патниците можеле сами да го напуштат авионот при евакуацијата.
Турската телевизија НТВ извести дека авионот се запалил, но пожарот веднаш бил изгаснат. Истата телевизија информира дека авионот припаѓа на компанијата Пегасус ерлајнс и пристигнал од Измир.
Турското Министерство за сообраќај соопшти дека во авионот имало 177 патници и членови на екипаж. Министерството посочи дека до несреќата дошло поради груба грешка при слетувањето
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Си префрлила 396.234 денари од компјутерот на слот машини за да се коцка, кривична за 28-годишна Кочанка
-
Кривична пријава против двајца Турци за фалсификување исправа
-
Нови два случаи на Ковид-19, во 2025 вкупно 13 заболени
-
Четворица обвинети за инцидентот со пукање со пиштол во Чаир во кој едно лице беше рането
-
Судењето за убиството на малолетната Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски продолжува на 27 јануари
-
Косовец се обидел да пренесе 48.000 пара чорапи преку Блаце
-
37-годишник загина во пожар во сопствената куќа во Делчево
-
Скопје без парно, родители добиваат повик да си ги земат децата од училиштата и градинките