Најмалку 50 загинати во судар на два автобуса и цистерна во Авганистан
Најмалку 50 лица погинале во сударот на два автобуса и една цистерна со гориво, што денеска се случил на фрекфентен автопат во Авганистан, соопштија локалните власти.
-Во несреќата, исто така, се повредени повеќе десетици лица, а се очекува бројот на жртвите да се зголеми, изјави портпаролот на гувернерот на источната авганистанска провинција Газни, Џавед Саланги, пренесоа американските медиуми.
Тој наведе дека 73 патници од автобусот се повредени и префрлени во болница и додаде дека документите покажуваат дека во двата автобуса во моментот на несреќата се наоѓале вкупно 125 патници.
До сударот дошло на главниот автопат што ги поврзува престолнината Кабул и Кандахар, на југот од Авганистан, а возилата потоа се запалиле.
-Несреќата била предизвикана од невнимателно возење, рече директорот на локалната управа за сообраќај Мохамадула Ахмади.
Ново на Сител
-
Во Хрватска почна еднонеделен бојкот на маркетите Конзум
-
Тошковски: Потребни се сериозни реформи за поефикасен систем за справување со пожари и елементарни непогоди
-
Росица Кулакова: Kоренот на сите проблеми во општеството доаѓа од судскиот систем
-
91-годишна скопјанка измамена за 300.000 денари
-
64-годишен скопјанец пронајден починат во неговиот дом
-
Стерјовски од Корча: Овде сме да го одбраниме нашиот идентитет и да изградиме поцврста основа за иднината на Македонците во Албанија
-
Општина Центар: Во тек е голема акција, се чисти на шест локации
-
УЈП: Пад на прометот за 22,12% во четвртокот и петокот кај осумте поголеми ланци на маркети во земјава