Најмалку 50 лица уапсени на протестите во Њујорк по претседателските избори
Околу 50 лица се уапсени по синоќешните протести во Њујорк, кога демонстранти подметнаа пожар, плукаа врз полицајците и врз нив фрлаа различни предмети, соопшти њујоршката полиција.
Демонстрантите излегоа на улиците во поддршка на кампањата „Преброј го секој глас“, бидејќи официјални лица во клучните држави ширум САД продолжија да ги бројат гласовите на претседателските избори 2020 година, јави „Фокс њуз“.
Иако на главниот настан во Њујорк ситуацијата беше мирна, полицијата излезе со извештаи за палење и судири со нивните претставници, особено во Гринич Вилиџ.
Полицијата соопшти дека за време на протестот запленила неколку потенцијално опасни предмети, вклучувајќи и пиштол за зашеметување, ножеви и огномет.
Оттаму додаваат дека се уапсени лица кои се обиделе да го преземат протестот и да го направат насилен, фрлајќи смет и јајца. Некои демонстранти биле видени како плукаат врз полицијата.
„Го поддржуваме правото на секој за самоизразување“, напиша полицијата на Њујорк на Твитер. „Но, палењето пожари ги загрозува другите и нема да се толерира“.
Протести се одржаа и низ целата земја, но на нив немаше знаци за некои помасовни немири што многумина загрижија пред изборите.
Ново на Сител
-
Муцунски на Министерска конференција за хуманата димензија на Формулата за мир на Украина
-
Состојба на патиштата
-
Наутро по одделни котлини магла, преку денот сончево со мала локална облачност
-
Штипската болница веќе 6 часа се снабдува со струја од агрегат
-
Ристески: Со есенската кошница ги стабилизиравме и намаливме цените
-
Србин усмрти пешак на магистралата Куманово-Крива Паланка
-
Татко секојдневно си ги тепал трите деца, учителките пријавиле во полиција
-
Разбојничка кражба во скопски трговски центар: Украл гардероба и се заканувал со нож