Најмалку 41 мигрант се удавија во близина на брегот на Тунис
Четириесет и еден мигрант го загуби животот во потонување на брод крај брегот на Тунис, соопшти синоќа ООН. Три лица се спасени.
Потонувањето на бродот и смртта на мигрантите се случија во четвртокот навечер, во близина на крајбрежниот град Сфакс, соопштија Меѓународната организација за миграција и Агенцијата за бегалци на ООН (УНХЦР).
Претходните информации зборуваа за 20 загинати мигранти од субсахарска Африка, кои се удавија. Жена и бебе биле меѓу жртвите.
Најмалку 39 мигранти минатиот месец загинаа кога два брода потонаа во близина на Сфакс. Додека во јуни минатата година, при потонување на брод на истата локација загинаа најмалку 60 мигранти.
Тунис е една од рутите на мигрантите, кои преку Средоземно Море се обидуваат да пристигнат до италијанскиот остров Лампедуза.
Ново на Сител
-
Предложен притвор за осомничен за четири тешки кражби
-
107 санкции за непрописно вградени фолии и користење на т.н. флешери
-
ЕСМ и натаму ќе снабдува по иста цена
-
Клековски: Формирана е работна група за следење на напредокот при лекувањето на пациентите од Кочани
-
Саити: Црвен крст досега исплати 107 милиони денари за повредените во Кочани, остануваат 49 милиони што ќе се исплатат наскоро
-
ЈСП - Скопје: За продолжениот викенд неделен возен ред
-
Приведена 65-годишна штипјанка, го принудувала внукот да питачи во Дебар
-
Физички нападнат 30-годишен велосипедист во подрачјето на Карпош