Свет
23. July 2015 - 9:04

Најмалку 40 загинати во серија експлозии во Нигерија

Над 40 лица загинаа во серијата експлозии во нигерискиот град Гомбе, административниот центар на истоимената држава во североисточниот дел на земјата, пренесоа светските агенции.

Според претставници на безбедносните сили, терористичките напади биле изведени на две автобуски станици.

Според безбедосните аналитичари, нападите го имаат печатот на исламистичката група „Боко Харам“, која редовно активира бомби на места каде се собираат многу луѓе.