Најмалку 37 убиени во протести во Кенија
Полицијата во Најроби денеска употреби солзавец за да ги растера демонстрантите кои протестираат против измените кои ќе овозможат Уставниот суд потешко да може да прогласи за неважечки избори во државата.
На телевизиските инсерти од западните медиуми се гледа и како полицијата удира со полициски возила во толпата што протестира.
Најмалку 37 луѓе се убиени во тридневните протести организирани по спорните избори во Кенија на 8 август, соопшти денеска група за заштита на човековите права во Кенија.
Според Кениската национална комисија за човекови права, „за дел од смртните случаи се знае дека се поради тоа што полицијата користела вистински куршуми“. Другите случаи се од полициската бруталност за време на протестите.
На 26 октомври во Кенија ќе се одржи повторно гласање за претседателските избори откако Уставниот суд го поништи гласањето од 8 август, поради нерегуларности.
Претседателот Ухуру Кенјата, кој победи на изборите во август, ќе се соочи со опозицискиот лидер Раила Одинга.
Ново на Сител
-
Балкански самит на МААА
-
Преглед на вестите од светот
-
Софија денеска ќе одговори дали ќе се одржи средба меѓу претставниците на самитот во НАТО во Хаг
-
До Собранието сè уште не е пристигнат предлогот за Азир Алиу да биде нов министер за здравство
-
Министерот Муцунски на одбележувањето на 30 год. на Дејтонскиот договор
-
Внимателно во Охрид, крадци од цела Македонија оперираат
-
Судството да се тргне од канџите на политиката
-
Преглед на вестите од светот