Најмалку 37 полицајци и жандарми се повредени во судирите со демонстрантите во Париз
Според првичниот извештај на францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманан, 37 полицајци и жандарми се повредени за време на демонстрациите во Париз, јави дописникот на МИА.
Министерот за внатрешни работи на Твитер го осуди „неприфатливото насилство врз полицијата“.
Истовремено претставник на синдикатот на полицијата објави снимка на која се гледа како млади лица облечени во црно ги напаѓаат силите на редот.
Плоштадот Бастилја каде дојде до судирите со полицијата полека се празни од демонстрантите. Полицијата употреби солзавец и водени топови за да ги растера демонстрантите.
На денешните демонстрации насловени „Марш за слободи против законите кои ја убиваат слободата“ се собраа 46.000 демонстранти, додека во цела Франција имало околу 130.000.
Слични демонстрации се одржаа ширум целата Франција, но инциденти покрај во Париз, беа забележани и во Лион, каде исто така полицијата употреби водени топови.
Поранешниот фрацуски претседател Франсоа Оланд, денеска побара поради „чест“повлекување на нацрт-законот наречен „општа безбедност“.
–Дебатата беше лошо започната, нејзиниот законодавен превод беше несоодветен колку што беше несреќна, рече поранешниот социјалистички претседател за текстот на законот и неговата водечка мерка, содржани во член 24, кој забранува да се објавуваат лицата на припадниците на силите на редот.
На денешните демонстрации на кои се бара повлекување на законот, се протестираше и против полициското насилство, особено по случајот на претепувањето на еден музички продуцент од страна на припадници на полицијата.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Конрад Блејер Симон, експерт за странско мешање и манипулирање со информации
-
Ескалираат тензиите на Блискиот Исток
-
Кризен штаб поради Блискиот Исток
-
Мицкоски не сака да ја коментира истрагата за Кочани - СДСМ ќе добие одговор на изборите
-
До средината на јули ќе се комплетира листата за кандидати за градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски: Има предлог термин за средба, да почекаме да се изјасни бугарската страна
-
Мицкоски: Во вториот квартал би требало да имаме извонредно висок раст на БДП
-
Трипуновски: Кога ќе одберете домашен производ, вие инвестирате во иднината на нашите села