Најмалку 30 загинати во бомбашки напад во Газиантепе, Ердоган гледа дело на ИД
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган синоќа изјави дека најверојатно припадници на џихадистичката група се сторители на бомбашкиот напад на свадба во Газиантепе, во кој најмалку 30 лица го загубија животот, а повеќе од 94 се повредени.
Експлозијата се случила на една венчавка во градот Газиантепе, на југоистокот од Турција, соопшти гувернерот на Газиантепе, Али Лерликаија, за кого овој чин „е гнасен теророристички бомбашки напад на свадба“
Во соопштението од канцеларијата на Ердоган се наведува дека „нема разлика“ меѓу групата со седиште во САД, која ја предводи проповедникот Фатула Ѓулен, кого го обвинува за неуспешниот пуч од 15 јули, забранетата Курдска работничка партија (ПКК) и таканарачената Исламска држава.
-Нашата земја и нашиот народ имаат уште една порака за Вас: Нема да успеете, им порача Ердоган на овие исламистички групи, пренесуваат француските медиуми.
Експлозијата се случила во дел од градот Газиантепе во кој живеат голем број Курди, што потсетува на шпекулациите за вмешаноста на џихадистите.
Во извештаите за нападот се наведува дека на венчавката биле пристутни голем број Курди.
Курдската работничка партија потврди дека на венчавката биле присутни нивни припадници, вклучувајќи и голем број жени и деца.
Многу џихадисти Курдите ги гледаат како еден од своите најголеми главни непријатели.
-Нашата тага е голема, но бидите сигурни дека нашето единство и заедништво ќе ги победат овие неразбирливи напади, порача турскиот премиер Бинали Јилдрим.
Ново на Сител
-
МНР: Пописот во Албанија не ја отсликува реалната бројка на етнички Македонци во земјата
-
Мицкоски: Борбата против корупцијата и организираниот криминал е главен приоритет на Владата
-
Контраадмирал Тим Хенри: Командите на здружените сили на НАТО се отворени и за помалите земји членки
-
Времето утре сончево и многу топло со температури до 38 степени
-
Тешко повреден мотоциклист во судир со трактор во Струмица
-
Убиена е жена во Сараево: Уапсени се сопругот и свекорот
-
Тешко повредена малолетничка во сообраќајка во Струга
-
СДСМ утре избира нов лидер на партијата