Најмалку 23 загинати во торнадo и силна бура во Мисисипи
Најмалку 23 лица загинаа, а неколку десетици се повредени во торнадото и силната бура со грмотевици што завчера зафати дел од американската сојузна држава Мисисипи, соопшти државната агенција за вонредни состојби и извести дека торнадото предизвикало материјална штета во област подолга од 160 км.
Четири лица се водат како исчезнати, а тимовите за пребарување и спасување трагаат по преживеани откако невремето ја погоди областа Сивер Сити во западен Мисисипи, соопшти државната Агенција за вонредни состојби.
- За жал, очекуваме овие бројки да се променат, најавија тие, мислејќи на бројот на загинати.
Си-Ен-Ен јавува дека тимови за пребарување и спасување биле и во Ролинг Форк, градот најтешко погоден од торнадото.
-Никогаш досега не сум видела вакво нешто, изјави Бренди Шооа за Си-Ен-Ен. „Ова беше убав мал град, а сега го нема“.
Ловците на бури испратиле најмалку 24 извештаи за торнада до Националната метеоролошка служба во текот на ноќта.
На фотографиите објавени на социјалните мрежи се гледаат урнати згради и автомобили превртени на страните, како и групи луѓе кои се обидуваат да излезат од урнатините.
Ново на Сител
-
Точно 353 балерини го соборија рекордот во „бурè“ танц на прсти
-
„Гугл мапс“ ќе може да го посочува најблискиот полнач за електромобили
-
ЕП: Ракометарките против Шведска, Унгарија и Турција
-
УЕФА ја казни Барселона
-
Ѓорческа не го помина второто коло на фјучрсот во Копер
-
Хамилтон: Ќе се тркам долго откако ќе наполнам 40 години, Ферари не е нешто краткорочно
-
Продолжуваат кампањите за претседателските и парламентарните избори
-
Протест на вработените во културните институции поради неисплаќање на мартовската плата