Свет
4. January 2018 - 8:38

Најмалку 23 цивили убиени во близина на Дамаск

Најмалку 23 цивили биле убиени вчера во бунтовничката енклава Источна Гута, во близина на Дамаск, од кои повеќето загинале при руски воздушни напади, соопшти Сирискиот центар за мониторинг на човековите права.

Според невладината организација со седиште во Лондон, 18 цивили биле убиени при руски воздушни напади во Мисраба, а останатите во напади на сириските владини сили на две други локации.

Меѓу убиените има три деца, 11 жени и еден волонтер на организацијата „Бели шлемови“, која работи во бунтовнички области. Десетици лица се повредени.

Според директорот на Центарот, Рами Абделрахман, руските воздушни напади биле насочени кон станбени згради во Мисраба, која е под контрола на групата Џајш ал-ислам.