Свет
7. February 2017 - 14:37

Најмалку 20 загинати во самоубиствен напад во Кабул

Најмалку 20 луѓе загинаа, a 41 се повредени во терористички напад во Кабул, соопшти авганистанското Министерство за здравство.

Според авганистанското Министерство за внатрешни работи цел на самоубиствениот напад биле лица од Врховниот суд.

Бомбашот-самоубиец се доближил до страничниот влез на зградата на Врховниот суд и го активирал експлозивот во момент кога службениците заминувале од работа.

Се уште никој нема преземено одговорност за нападот.

Врховниот суд во Кабул е во близина на Амбасдата на САД.