Најмалку 20 загинати во израелски напад на шиитскиот град Алмати, северно од Бејрут
Либанското Министерство за здравство денеска соопшти дека најмалку 20 лица загинале во израелски напад врз шиитскиот град Алмат, во претежно христијанската област Џбеил, северно од Бејрут.
„Во израелскиот напад загинаа дваесет лица, меѓу кои три деца, а шест се ранети“, пренесоа светските агенции за новиот биланс на жртви во нападот, бидејќи претходно беше соопштено за 12 загинати лица.
Во меѓувреме, потрагата по преживеани во урнатините продолжува.
Официјалните либански медиуми претходно објавија за израелски напад врз куќа во источниот либански град Баалбек. На нападот, овој пат, не му претходело предупредување од израелската армија за евакуација на жителите.
„Непријателски авион изврши напад врз куќа во населбата Ал-Лакис во градот“, објави Националната новинска агенција (ННА).
Ново на Сител
-
Тајланд и Камбоџа започнаа вооружен судир на спорната граница
-
Кривична за три лица вработени во општина Крива Паланка за злоупотреба на службена положба
-
Рашфорд во Барселона
-
Македонија „под вршник“, да се почитуваат препораките за заштита од високи температури
-
Собранието ќе одржи продолженија на три седници
-
Сончево и многу топло, до 42 степена
-
ЦУК: Шест активни пожари и четири под контрола
-
Полицајци од СВР Тетово спречија девојка да си го одземе животот, приведено едно лице поради сомнение за посредување на проституција