Најмалку 19 лица загинаа во експлозија на цистерна во тунел во Авганистан
Најмалку 19 лица загинаа во експлозија на цистерна со гориво во тунелот Саланг во северен Авганистан, изјави денеска официјален претставник за ДПА.
Повредени се 32 лица, а се стравува дека бројот на жртвите е поголем, додаде тој.
– Телата на жртвите што ги видовме беа целосно изгорени, не беше јасно дали се деца, мажи или жени. Извадивме околу 12 тела, изјави очевидец за локалната телевизија TOLOnews.
Портпаролот на Министерството за јавни работи Хамидулах Мусбах изјави дека инцидентот се случил во синоќа поради „технички проблеми“ и пожарот предизвикан од експлозијата потоа се проширил на возилата во близина.
Според властите, пожарот е ставен под контрола по неколку часа, но тунелот што го поврзува северот на земјата со главниот град Кабул и понатаму е затворен за сообраќај.
Ново на Сител
-
Медали за сите 7 вина на Монтеко на престижниот вински натпревар Декантер
-
Лицата со телесен инвалидитет бараат адаптирана плажа
-
Кој антички град се крие помеѓу прилепските села Волково и Прилепец, дали тоа е можеби градот Пелагонија?
-
Продажбата на ФК Брегалница – Штип, ги скара власта и опозицијата во градот
-
Преглед на вестите на светот
-
Пченицата ќе се откупува по 12 денари, највисока откупна цена досега, рече Трипуновски
-
Тема на денот со Сашо Клековски, директор на ФЗОМ
-
Тошковски и Дачиќ потпишаа договори за „One Stop“ систем на Табановце-Прешево