Најмалку 19 лица загинаа во експлозија на цистерна во тунел во Авганистан
Најмалку 19 лица загинаа во експлозија на цистерна со гориво во тунелот Саланг во северен Авганистан, изјави денеска официјален претставник за ДПА.
Повредени се 32 лица, а се стравува дека бројот на жртвите е поголем, додаде тој.
– Телата на жртвите што ги видовме беа целосно изгорени, не беше јасно дали се деца, мажи или жени. Извадивме околу 12 тела, изјави очевидец за локалната телевизија TOLOnews.
Портпаролот на Министерството за јавни работи Хамидулах Мусбах изјави дека инцидентот се случил во синоќа поради „технички проблеми“ и пожарот предизвикан од експлозијата потоа се проширил на возилата во близина.
Според властите, пожарот е ставен под контрола по неколку часа, но тунелот што го поврзува северот на земјата со главниот град Кабул и понатаму е затворен за сообраќај.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ: За разлика од порано, сега се реагира веднаш за пожарите
-
Допуштал осуденици да си одат дома и на приватни локации - обвинение за поранешниот директор на Шутка, Филип Андонов
-
Од 902 сообраќајни прекршоци вчера, 148 без возачка дозвола
-
Сиљановска Давкова нема да предложи нов член на Судскиот совет, ќе го почека носењето на новиот закон
-
Два полициски хеликоптери го гасат пожарот кај Чучер-Сандево, досега исфрлени преку 70 тони вода
-
Фрлени палети намачкани со бензин, некој сакал да го реактивира пожарот кај Чучер-Сандево | ВИДЕО
-
Малолетничка уценувана од нејзиното поранешно момче, му дала 800 евра за да не објави експлицитни фотографии од неа
-
Мицкоски: Државата не се гради од центарот кон периферијата, туку од темелите нагоре