Свет
16. August 2016 - 15:01

Најмалку 19 цивили загинаа во воздушни напади врз Алепо

Најмалку 19 цивили меѓу кои три деца загинаа денеска во воздушни напади врз две области во Алепо што се под контрола на бунтовниците, соопшти Центарот за мониторинг на човекови права. 

Нападите ги извршиле руски или сириски авиони врз населбите Тарик Ал Баб и Ал Сахур и во нив загинале најмалку 19 цивили, десетици се ранети од кои голем број се во критична состојба.

Западни медиуми јавуваат дека нападите траат од синоќа и денеска се проширени на две други области.