Македонија
13. November 2015 - 14:24

Најмалку 18 загинати при самоубиствен напад во Багдад

Најмалку 18 лица загинаа, а 41 се повредени при самоубиствениот напад во југозападен Багдад, соопшти локалната полиција, а пренесуваат западните медиуми.

Напаѓачот, кој носел појас со експлозив, го активирал на погребот на провладин шиитски борец. Досега никој не ја презеде одговорноста за нападот.

Според податоците на Мисијата на ОН за помош на Ирак, само во октомври во насилствата во земјата загинале 714 лица, а 1.269 се повредени, пренесува ТАСС.