Свет
6. November 2018 - 9:55

Најмалку 17 мигранти загинаа во близина на брегот на Шпанија

Најмалку 17  мигранти синоќа загинаа откако два чамци потонаа во близина на брегот на Шпанија.

Шпанската крајбрежна стража соопшти дека 13 лица загинале, а 80 се спасени откако едниот чамец се превртел во Алборанско Море, во близина на градот Мелилја.

Подоцна друг чамец потона во близинна на брегот на јужната шпанска провинција Кадис. Во инцидентот загинале четворица, а 22 се спасени. Уште 17 луѓе се водат како исчезнати.