Најмалку 15 лица загинаа во пожар во зграда во источна Кина
Најмалку 15 лица загинаа, а 44 се повредени синоќа во пожар во станбена зграда во кинескиот град Нанџинг, јави ДПА, повикувајќи се на локалните власти.
Едно лице е во критична состојба, соопштија денеска властите.
Според информациите од прелиминарната истрага, пожарот избувнал вчера рано наутро на првиот кат од зградата, каде жителите ги полнеле електричните скутери.
Службите за итни случаи евакуираа повеќе од 500 луѓе кои беа сместени во соседните домови.
Нанџинг, главниот град на провинцијата Џиангсу, има над осум милиони жители и се наоѓа на околу 270 километри западно од Шангај.
Во Кина често има пожари во станбени згради, а има и смртни случаи поради непочитување на безбедносните стандарди.
На крајот на јануари, 39 лица загинаа во пожар во зграда во источната кинеска провинција Џиангкси.
Ново на Сител
-
Кардиолошки има недостиг од ангиограф
-
Преглед на вестите од светот
-
Извештајот на Светска банка го нарушува имиџот на земјава
-
Тема на денот со премиерот Христијан Мицкоски
-
Македонски Телеком креираше иновативно решение за телемедицина, единствено во регионот
-
Во Велес утре ден на жалост за тројцата загинати во сообраќајката кај Катланово - другите пет лица се тешко повредени
-
Таравари бара директорите на Детска и Козле да преземат мерки за докторите кои направиле превид
-
ВО ЖИВО: Голема полициска акција