Најмалку 14 загинати во земјотресот во Тајван, 150 лица се водат за исчезнати
Во силниот земјотрес на југот од Тајван, во текот на кој дошло до уривање на една зграда од 17 ката, погинале најмалку 14 лица, меѓу кои се 10 дена старо девојче и едно мало дете, информираа денеска локалните власти.
Се стравува дека уште 150 лица се затрупани под урнатините, пренесоа американските медиуми.
Околу 800 војници, заедно со припадниците на спасувачките екипи и кучиња тргачи, се во потрага по преживеани.
Спасувачките служби на градот Тајнан информираа дека две деца и две возрасни лица се најдени мртви под урнатините на зградата, како и дека потрагата по преживеаните е се уште во тек.
Најмалку 230 лица се живи извлечени од под урнатините, додека речиси 380 лица се здобиле со повреди во силниот земјотрес.
Силен земјотрес со јачина од 6,4 степни според Рихтеровата скала синоќа го погоди јужен Тајван, информира Американскиот геолошки институт.
Епицентарот на потресот се наоѓал на 25 километри јужно од градот Јуџинг, наведува Институтот.
Ново на Сител
-
ДЗР: 457 лица загинале за 4 години во сообраќајки, пишани над 86 илјади казни за возење без дозвола
-
И државна помош и работа – се крои нов закон за социјалците
-
СДСМ: Цените растат – власта нема решение
-
Над 26 милиони рецепти реализирани во 2024 – стануваме поболна нација или хипохондрици?
-
Во Македонија младите се помалку се едуцираат за семејните вредности
-
Преговори Русија-Украина, без Путин и Зеленски
-
80 годишнина од кодификацијата на македонскиот јазик
-
Македонија останува атрактивна за странците