Најмалку 14 загинати при експлозија пред хотел во Могадишу
Најмалку 14 лица загинаа денеска, а 10 други се повредени, при експлозија на автомобил бомба пред хотел во сомалскиот главен град Могадишу, соопшти портпарлот на Министерството за безбедност на Сомалија, Абдулазиз ал Ибрахим.
- Имаше силна експлозија и голем број жртви. Досега имаме 14 загинати и неколкумина повредени. Конечниот биланс на жртви би можел да биде поголем, нагласи Ибрахим.
Како што јави АФП, експлозијата се случила пред популарниот хотел „Велије“, што се наоѓа на една од најпрометните улици во Могадишу, во време кога голем број луѓе се дивижеле кон своите домови по истекот на работното време.
Очевидци тврдат дека по експлозијата се слушнале и истрели, но засега нема потврда за ваквите информации.
Одговорност за нашадот презеде групата Ал Шабаб, која е поврзана со терористичката мрежа Ал Каеда, чии припадници изнинатиов период извршија серија бомбашки напади.
Минатиот месец при двојна ексолозија на автомобил бомби во Могадишу загинаа 36 лица, а најсмртоносниот бомбашки напад досега се случи лани во октомври, кога животите ги загубија над 500 лица.
Денешнитот напад доаѓа само неколку дена откако сомалиската Влада најави нова офанзива против борците на Ал Шабаб, со поддршка од САД.
Ново на Сител
-
„Вратете ѝ ги боите на Фросина“ порачаа илјадници граѓани на масовниот протест
-
Заврши акцијата „Вардар“, приведени десет лица
-
Културните работници и уметниците во Србија најавуваат за утре блокада на Министерството за култура
-
Данска владее со светскиот ракомет: Историска четврта последователна титула
-
СП во ракомет: Франција ја освои бронзата во драматична завршница
-
Пандов: Затворски полицаец му овозможил на Јованов мобилен во притвор, поднесена е претставка и претстои суспензија
-
Вучиќ повика на разговори со универзитетските претставници „Што е можно поскоро“
-
Започна протестниот марш „Правда за Фросина“ кои го предводат нејзините родителите