-->
-->
Најмалку 13 ранети во двоен самоубиствен напад во Кабул
-->
Најмалку 13 лица се ранети попладнево во авганистанскиот главен град Кабул, при експлозија на два автомобил-бомби, во кои се наоѓале бомбаши-самубијци, јави ДПА.
Претставникот на локалната полиција Ахмад Вали Сабури соопшти дека автомобил марка „Тојота“, натовраен со експлозив, експлодирал во близина на зградата на авганистанскиот Парламент. По пристигнувањето на припадници на безбедносните сили и екипи на брзата помош, на истото место екслпдирал и вториот автомобил-бомба.
Набрзо по двете експлозии се огласи претставникот на талибанците Забиула Муџахид, кој презеде одговорност за двојниот напад во името на оваа исламистичка организација.
Муџахид посочи дека цел на нападот биле вработени во авганистанското разузнавање кои патувале со минибус.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ратификацијата на договорот со Британија пред пратениците
-
Изборот на гувернер заглави во Собранието
-
Владата донесе оперативен план за вработување кој опфаќа 16.000 граѓани, повеќето млади до 29 години
-
Сител во Естонија: Почна 11 конференција за е-управување
-
Проширена истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“
-
Починато бебе однесено во струшката болница
-
Ѓурчевски: Шефовите на клановите дури се живи даваат наредби, независно дали се во затвор или во бегство
-
ЕУ извештај во кој се признаваат македонскиот јазик и идентитет