Најмалку 13 курдски борци и двајца војници убиени во судирите во југоисточна Турција
Најмалку 13 курдски борци и двајца турски војници биле убиени во судирите во доминантnо курдскиот југоисток на Турција, пренесоа американските медиуми.
Турската армија, во денешното соопштение, јави дека турските сили за безбедност во три одделни операции во окрузите Шарнак и Хакари, на границата со Ирак, и во округот Агар, на границата со Иран, ликвидирале 13 борци на Курдската работничка партија (ПКК).
Агенцијата Анадолија пренесе дека двајца војници, исто така, загинале во Хакари, откако припадниците на ПКК активирале бомба на патот при минување на нивното воено возило.
Судирите меѓу владините сили и ПКК се обновија минатата година, откако 2,5- годишното примирје беше укинато. Агенцијата Анадолија посочува дека оттогаш веќе загинаа над 600 припадници на силите за безбедност и илјадници борци на ПКК.
Ново на Сител
-
Унгарската полиција ја забрани претстојната Парада на гордоста во Будимпешта
-
Нов ирански ракетен напад врз Израел
-
Нова размена на воени заробеници помеѓу Русија и Украина
-
Во Кочани се одржува средба на родителите на починатите во „Пулс“ со обвинителите
-
Беживотно тело пронајдено во водите на Охридското Езеро
-
Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста
-
Хаос во Советот на општина Кочани, тепачка, пцуење, повредена жена | ВИДЕО
-
Се очекува експерт за ампутации од Словенија, ќе се разгледаат опции за третман на повредените од дискотеката во Кочани