-->
-->
Најмалку 102 лица повредени во судир на вагони во метрото во Пекинг
-->
Најмалку 102 лица се повредени во судир на вагони во метрото во Пекинг, јавија денеска кинеските државни медиуми.
До околу 23 часот, „вкупно 515 лица се испратени во болница на преглед, од кои 102 се здобиле со скршеници“, јави денеска државната телевизија Си-Си-ТВ (CCTV).
До 6 часот утрово, 423 лица беа пуштени од болница,а 67 други се уште добиваат третман, додека 25 лица се под опсервација. Не се регистрирани смртни случаи, објавија државните медиуми.
Несреќата се случила синоќа, за време на шпицот, во дел од метрото што не е под земја. Според првичните информации, снегот на шините ја нарушил железничката сигнализација и довел до нагло кочење.
Во Пекинг во изминативе денови падна големо количество снег и сообраќајот се одвива отежнато.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Каролина Симоновска разрешена од директорската функција – Катерина Бошковска нов директор на клиниката Козле
-
Онкологија и Хематологија добија многу поголем буџет од ФЗО
-
Мицкоски: Нелогично е да има цигари во минималната кошница
-
Се тестираат кандидати – се готват коалиции за локалните избори
-
Само 15 инспектори во војна за здрава животна средина
-
Фон дер Лајен: 2025-та мора да биде година на напредок во проширувањето на ЕУ
-
Преглед на вестите од светот
-
153 години од раѓањето на Гоце Делчев