Најмалку 10 полицајци повредени на пропалестински протести во Берлин
Најмалку 10 полицајци се повредени за време на вчерашните пропалестински протести во Берлин, соопштија локалните власти, пренесува ДПА
За време на вчерашните протести во централниот кварт „Кројцберг“ кон полицајците беа фрлани камења, јајца и пластични шишиња.
Еден од учесниците беше повреден откако беше удрен во врат од камен, а еден учесник на контра-протест исто така беше удрен во глава и повреден.
Полицијата соопшти дека 250 луѓе се собрале на плоштадот „Морицплац“ пред да тргнат во марш кој прераснал во протест со околу 1000 учесници.
Пред почетокот на маршот, демонстрантите биле информирани дека ќе бидат забранети сите скандирања кои пропагираат „уништување на Израел и/или неговите жители“ или промовираат „забранети организации“, вклучително и палестинската исламистичка група Хамас.
На терен беа распоредени околу 400 полицајци, кои повеќепати интервенирале.
Полицијата размислувала да го прекине протестот поради скандирање на забранети слогани, но протестот на крај бил прекинат од организаторите.
По митингот, полицијата започнала 31 кривична истрага за различни прекршоци, вклучувајќи тешка телесна повреда, напад на службено лице, сериозно нарушување на јавниот ред и поттикнување омраза.
Се пријавува и дека полицајци биле сведоци на малтретирање на медиумски тимови.
Ново на Сител
-
Поранешниот потпретседател на Европскиот парламент е уапсен во трговската афера со дипломи во Полска
-
Собранието не го прифати Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за игри на среќа и забавни игри, во прво читање
-
Пробиштип: Со возилото намерно удрила сограѓанин - Кривична за 41 годишна жена
-
Спречени три терористички напади за време на ОИ и ПОИ во Париз
-
Другар му го погодил со воздушен пиштол - Дете заврши на скопските клиники
-
Тетовчанец се заканувал на новинарка - Полицијата го приведе
-
Филипче: ДКСК да ја утврди фактичката состојба со мојот имот, а потоа ќе барам Мицкоски да ми се извини
-
Град Скопје поднесе 20 проекти на јавниот повик на Владата