Loading Video...
Свет
14. August 2023 - 16:32

Најмалку 10 лица се повредени во судар на трамвај и автобус во Белград

Најмалку десет лица се повредени, од кои двајца потешко, во сообраќајна несреќа која утрово се случила во белградски Вождовац. До несреќата, како што пренесуваат српските медиуми, дошло кога трамвај излетал од шините по судир со автобус. На местото на сообраќајната несреќа интевенирале четири екипи на Брзата помош и полицијата. Семафорот кој требал да го регулираа собраќајот на делницата не работел десетина дена. Сообраќајната несреќа се случила околу 6 часот утрово.