Балкан
9. November 2017 - 13:50

Најлудиот надгробен споменик во Србија: Првата жена Рада ме предаде, беше голема ку*ва!

Многумина се трудат за починатите да направат надгробен споменик кој е карактеристичен за неговиот лик и дело.

Таков е овој споменик во Варварин.

Павиќ Милисав Живота „сам себеси за живот си го подигнал вечниот дом, и за жената која ќе биде погребана до него“.

Со бројни правописни грешки и без интерпункциски знаци решил преку споменикот да фрли клетва на оние кои сакаат да го распродадат и купат неговиот имот, а без негова дозвола.

Spomenik u Varvarinu

Пораки од неговиот споменик се следните:

„Оваа спомен плоча од дворот кај куќата е преместена овдеа така што куќата и дворот може да ја продаде тој што ме чува и погребе, може да ја продаде и Болината нива ако јас додека сум жив не ја продадам зошто не е проклето, мојата ќерка може да ја продаде нивата од мајкаси и нивчето подолу доколку треба да се лечи, другите ниви мои и на ќерками со нејзиниот плац не може да се продадат без мое одобрение додека постои светот, проклет да е оној кој ќе ја продаде и купи, потеклото да му се сотре. Чоба преместен во 2008, пишува на споменикот на покојниот Павиќ кому инспекцијата му наредила да го премести од дворот на куќата во која живеел.

Spomenik u Varvarinu

На споменикот кој е подигнат на гробиштата во Варварин го пишува следното:

„Благодарност до дедо Чедо и баба Зорка добри да бидат и да ми ја чуваат ќерката, ќерко кон мене немаш никакви обврски ниту при живот ниту по смрттка моја, кога ќе умрам хармоникаш да свири и пее народна музука. Братот, снаата и зетот свеќа да не ми палат, да не плачат и кукаат, вечера да не даваат, јадење на гробишта да не носат, еден поп а не пејачко друштво 50 ѕвона во 5 цркви. Првата жена Рада ме предаде и беше голема зла ку*ва. Жената е нај...... на светот, пишува на надгробниот споменик но се чени дека во последната реченица посакал да испрати мистериозна порака, во потписот Лудиот Чоба Шњајдер.

Spomenik u Varvarinu

Од страна на споменикот е испишано дека Лудиот Чоба Шњајдер бил на робија од 1963 до 1974 година, а тоа го овековечил со вертикалните букви „Разбојник“.