Најголемиот број од „увезени случаи“ на Ковид-19 во Грција се од Албанија
Албанија е прва на листата „увезени случаи“ на Ковид-19 во Грција, според последните официјални податоци од Генералниот секретаријат за цивилна заштита, а меѓу петте земји се и Бугарија, Романија, Србија и Франција.
Во периодот од 1 јули до 6 септември, од направени 451.908 тестови на влезните точки во земјата, регистрирани се 972 заразени посетители на Грција, од кои 641 по тестирањата на аеродромите, 303 на копнените граници, а останатите на пристаништата.
Од 972 позитивни случаи, 132 се од Албанија, 102 од Бугарија, 89 од Романија, 80 од Србија, а 54 од Франција.
Додека пак активни се 277 од случаите, 559 од заразените се вратиле во нивните земји на потекло, а останатите 136 се неактивни случаи кои остануваат во Грција.
Иако копнените граници се затворени, а забранет е влез за државјани на трети земји во Грција, сепак дозволен е влез за албанските државјани кои имаат дозвола за престој во Грција, но и за сезонските работници од Албанија.
Ново на Сител
-
Единаесет приведени во акцијата за сомнителна набавка на деривати
-
Тема на денот со Никола Додевски, адвокат
-
Во буџетот нема пари за субвенционирање на придонесите за минималец од 500 евра, велат експерти
-
Единаесет приведени во акцијата за сомнителна набавка на деривати
-
Само еден тендер за мазут преку компанијата на Капушевски е објавен на електронски систем
-
Собранието изгласа недоверба на 5 члена на Судски
-
Единаесет приведени во акцијата за сомнителна набавка на деривати
-
ИЈЗ: Загадениот воздух се поврзува со смртта на околу 4000 луѓе годишно во Македонија