Најголема излезност во Ново Село во струмичко-радовишкиот регион
До 13 часот најгoлема излезност на гласачите во струмичко-радовишкиот регион е забележана во општина Ново Село со 24 отсто и за претседателските и за предвремените избори за градоначалник од вкупно запишани 11.365, односно 11.301 гласачи.
Во Струмица до 13 часот гласале 23 отсто од запишаните вкупно 49.243 избирачи, а во Конче 20 проценти од запишаните 2.744 избирачи.
Најмала излезност има во општините Босилово, каде излегле 16,35 отсто од запишаните 12.163 гласачи и Василево 16,50 проценти од 10.036 запишани избирачи.
Во Радовиш излегле 19 проценти од 24.201 гласачи до 13 часот.
Според информациите од општинските изборни комисии изборниот ден поминува мирно и без проблеми.
Инаку, во шесте општини од регинот има запишано 110.168 граѓани со право на глас, кои ќе гласаат на вкупно 192 избирачки места.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ: Пресудата за пожарот во модуларната болница во Тетово е срамна
-
Стратешко партнерство со Британија
-
Македонски културно-информативен центар во Белград
-
Тема на денот со Гоце Димовски, директор на ТИРЗ
-
Македонски културно-информативен центар во Белград
-
Се повеќе млади страдаат од ментални заболувања, предупредуваат лекарите по општа и семејна медицина
-
Завршија мировните преговори помеѓу Русија и Украина
-
Лидерите од Европа на самит во Тирана - проширувањето е важно за Унијата