Македонија
20. August 2018 - 12:28

Најголем интерес за рефререндумот кај иселеницете во Швајцарија и Словенија

До Државната изборна комисија преку веб апликацијата www.dijaspora.se​c.mk до денеска до 12 часот се пријавиле 1.459 граѓани за гласање во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во странство за претстојниот референдум. Најголем е интересот за гласање на македонските иселеници во Берн и во Љубљана.
 
Од нив, како што соопшти денеска од ДИК, 1.431 пријави се прифатени, 27 се одбиени, а една пријава е во обработка.
 
Најголем број пријави се доставени за гласање во Берн - 160, во Љубљана - 105, во Лондон - 93, и во Торонто - 88.​ 
 
Најмал број пријави поднесени се за гласање во Атина, Киев, Њу Делхи, Подгорица, Приштина и Тирана - по една пријава.
ОД ДИК информираат дека дополнително ќе излезат со информации за податоците од јавниот увид во избирачкиот список.