Балкан
13. August 2020 - 18:01

Најголем дел од новозаболените во Словенија се увезени случаи на Ковид-19 од Хрватска

Претседателката на Кризниот штаб на словенечката Влада за борба против коронавирусот, Бојана Беовиќ, изјави денеска дека доколку продолжи трендот на увоз на вирусот од Хрватска, тоа тело ќе и предложи на Владата поригорозни мерки за патниците од таа земја.

На денешната прес конференција таа потенцираше дека има најголем број од новите случаи пријавиле претходен престој во Хрватска, пренесува СТА.

– Ако ова продолжи, ние може да влеземе во есенската сезона со проблеми поврзани со дружење во училиштата и работните места. Може да се појават жаришта на инфекции, вели Бевиќ.

Словенечката докторка Марта Гргиќ Витек од Институтот за јавно здравје рече дека увезените случаи на коронавирус минатата недела предизвикале локални трансмисии, како и дека 27 од последните 33 случаи биле увезени од Хрватска.